Поврзете се со нас

Мото ГП

Недопирливиот Маркез стигна до 12. победа на Захсенринг

Објавено

на

Марк Маркез по 12-ти пат во кариерата мина како победник на трката за Големата награда на Германија, па со тоа само потврди дека патеката Захсенринг без никаква конкуренција е негова омилена на европско тло.

Шпанскиот мотоциклист стигна до деветта победа во Мото ГП класата на стазата во Саксонија, и тоа на крајно уверлив начин после вчерашната драма во спринтот.

Маркез направи грешна на стартот на спринтот кој се возеше вчера и со пресврт стигна до трилер победа во дуелот со Бецеки, возач кој и денеска се чинеше дека е најблиску до нивото на осумкратниот шампион.

Италијанецот беше зад Маркез и се чинеше дека е на добар пат да се избори за пиедестал, но Бецеки падна на десет круга пред крајот и отвори место на подиумот за Алекс Маркез и Пеко Бањаја.

Марк издоминира во свој стил и со повеќе од шест секунди предност не им даде никаква шанса на својот брат и Бањаја, па сега има уште поголема предност во генералниот пласман како лидер во шампионатот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни