Италија
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра

Аурелио де Лаурентис во петокот најави дека наредниот период ќе пристигнат голем број играчи како важни засилувања за новата натпреварувачка сезона, а се чини дека првиот фудбалер кој ќе слета после ваквата изјава е Сем Беукема.
Наполи до оваа фаза од летниот преоден рок ги потврди Кевин Де Брујне и Лука Марианучи, но според вестите од Италија, само прашање на време е кога Антонио Конте ќе го добие и третото летно засилување.
Станува збор за импресивниот стопер на Болоња кој воодушеви со своите настапи во Серија А, а кој сега донел одлука кариерата да продолжи да ја гради во редовите на италијанскиот шампион.
Беукема е прв избор на Конте за важно и квалитетно засилување во срцето на одбраната, па за да му се исполни желбата, Де Лаурентис решил да вложи сериозни средства за италијанскиот трансфер пазар.
Трансфер сумата за Беукема ќе надмине 30 милиони евра (31 милион евра), а тој ќе биде вториот дефанзивец кој го засилува Наполи по талентираниит Марианучи.
-
Англија12 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија4 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија23 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет12 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Италија10 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)