Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Најдобрите одбрани во ЛШ: Фантастичниот Митревски одново брилјираше на европската сцена (Видео)

Објавено

на

По победата која ја оствари над Вардар, Порто нанижа два порази во краток временски интервал во Лигата на шампионите, откако наиде на две тешки гостувања во Полска и Унгарија.

Кјелце беше подобар од Португалците до 32:30, а вчера тимот за кој настапува и нашиот Никола Митревски загуби и во Унгарија од Пик Сегед со 35:31.

Порто одново прими навистина доста голови, но тоа не беше вина на македонскиот репрезнетативен голман кој беше навистина солиден, а собра и една од одбраните на колото во Лигата на шампионите.

Митревски ја има четвртата најдобра одбрана во последното коло во најелитното натпреварување, избор во кој уште се најдоа Ашанин, Цупара, Матчкевиќ и Нилсен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни