Атлетика
Најбрзиот човек во светот ги „пецна“ НБА ѕвездите: Сами се прогласуваат за светски шампиони (Видео)
Светското првенство во атлетика во Будимпешта мина во знакот на Ноа Лајлс, фантастичниот спринтер кој успеа да ги обедени двата златни медали со триумфи на 100 и 200 метри.
Лајлс потврди дека во моментов е најбрз човек во светот и ја збогати својата колекција на медали од светските првенства, но во изминативе два дена е нависитна популарен во својата родна Америка и поради изјавата која ја даде од собирот во Унгарија.
Американскиот спринтер реши да ги „поздрави“ своите сонародници кои играат во НБА лигата, кои после секоја сезона во најсилната лига сами се прогласуваат за светски прваци со натписите на капите и маиците за време на шампионските прослави.
– Една од работите кои најмногу ме болат е тоа што морам да ги гледам НБА финалињата и да гледам натписи за „светски шампиони“ на нивните глави…..
– Светски шампиони на што? Светски шампиони на Америка? Немој да ме сфатите погрешно, јас ја сакам Америка понекогаш, но тоа не е целиот свет. Тоа не е светот, ние сме светот кои сме тука на Светско првенство. Тука ја имаме речиси секоја држава како се бори, спортистите го претставуваат знамето кое го носат. Нема знамиња во НБА лигата, – заклучи Лајлс кој со оваа теорија отвори голема дебата во Америка.
"I love the U.S… but that ain't the world!" ❌
Noah Lyles throws shade at the NBA's 'world champions' 🏀👀 pic.twitter.com/BRCJagckcK
— Eurosport (@eurosport) August 27, 2023
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија11 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Шпанија22 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет24 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)
-
Англија3 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија5 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)