Германија
Нагелсман со прва изјава по тренерската трансфер „бомба“: Сме виделе и многу повисоки суми во фудбалот
Неколку часа откако Баерн Минхен потврди дека Јулијан Нагелсман ќе биде нов предводник на германскиот првак, се уште актуелниот тренер на Лајпциг мораше да се соочи со новинарите на прес-конференција, на која образложи дека баварскиот великан бил единствен клуб за кој бил подготвен да го прекине договорот со сегашните работодавци.
Иако германскиот првак навести дека ќе се обиде да го премисли Ханси Флик околу одлуката која ја донесе за свое повлекување од клубот, Баерн очигледно сфати дека нема да има корист од тоа да смета на незадоволен стручњак, па воопшто не штедеше за да го доведе најмладиот и најперспективен тренер во Германија.
Нагелсман има само 33 години и иронија е тоа што ќе биде помлад од капитенот Мануел Нојер како негов тренер наредната сезона, но на пресот, новинарите му поставија прашање и за висината на отштетата која го прави најскап тренер во историјата (25 милиони евра).
– Ова беше уникатна понуда за мене и специјално е што ќе го тренирам најдобриот клуб во Германија наредната сезона. Ова беа турбулентни денови. По натпреварот со Хофенхајм, имав разговорот со директорот Оливер Минтцлаф и имав први контакти со Баерн. Му кажав на Оливер дека ќе сакам промена доколку пристигне понуда од Баерн. Немав потврден одговор уште веднаш, но во саботата деталите се кристализираа, а уште повеќе вчера.
– Нема да ја коментирам сумата која се споменува во јавноста, тоа не се однесува на мене. Никој не вреди онолку колку што е платен, но во фудбалската индустрија, парите ги вртат нештата. Кога се играчите во прашање, сме виделе и многу повисоки цени и секој мора да се носи со својот притисок. Парите се договор меѓу двата клуба, јас не се мешам во тоа.
– Не беше планирано да си одам, но случувањата во Минхен со заминувањето на Флик направија промена. Имаше понуди и од други клубови, но на Оливер му реков дека ќе го раскинам клубот само за Баерн, – порача Нагелсман.
-
Светски првенства7 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Свет21 час
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
АТП12 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија22 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства7 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)