Поврзете се со нас

АТП

Надал конечно доби испраќање за паметење и се расплака пред Федерер, Ѓоковиќ и Мари (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

РАфаел Надал конечно го дочека толку очекуваното испраќање од Ролан Гарос, нешто што многумина го очекуваа после минатогодишното скромно сценарио во Париз.

Шпанецот не беше испратен како што треба и на завршницата на Дејвис Купот во Малага и многумина имаа забелешки за тивкото заминување на неповторливиот „крал на земјата“, а Ролан Гарос како турнир на кој Рафа остави посебна трага, сега реши да ја поправи грешката.

Главните организатори на Френч Опен се погрижи за величествено испраќање на најголемиот тенисер кој некогаш заиграл на земјена подлога, па покрај специјалното видео во негова чест кое беше прикажано на видео-бимот, Надал доби и плакета која вечно ќе остане на „Филип Шатрие“.

На плакетата е прикажан негов отпечаток од патиката и освоените рекордни 14 титули на Ролан Гарос, па моментот беше овековечен и со присуство на неговите најголеми ривали.

Рожер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Енди Мари беа блиску до Надал во крајно емотивните моменти, при што Рафа доби шанса и да им се обрати со микрофонот во раце.

– Креиравме големо ривалство, покажавме дека можеме жестоко да се наптреваруваме на теренот, но истовремено да има огромен респект. Направивме да имам тешки моменти на теренот, но на крајот, тенисот е само игра, само спорт. Тоа што сте тука ми значи се, покажуваме дека можеме да бидеме добри пријатели и покрај тоа што сме големи ривали, – изјави расплаканиот Надал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни