Поврзете се со нас

АТП

Надал емотивно се распрсна после уникатниот подарок кој го доби од Ролан Гарос: Рафа вечно ќе биде дел од „Филип Шатрие“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Рафаел Надал доживеа безброј емоции во специјалниот чин кој му беше посветен на најголемиот шампион во историјата на Ролан Гарос, а организаторите на турнириот навистина се погрижија првиот натпреварувачки ден да мине во знакот на најголемиот тенисер на земјена подлога на сите времиња.

„Кралот на земјата“ освои 14 титули на Френч Опен и остави наследство кое тешко дека некој ќе успее да го надмине, а откако минатата година не доби испраќање како што заслужува, овојпат Амели Морезмо и останатите водечки луѓе на францускиот тенис се погрижија за низа изненадувања.

Надал доби специјален трофеј за заслуги поради 14-те освоени титули во Париз, беше изненаден од своите тројца големи ривали Федерер, Ѓоковиќ и Мари, но мора да се признае дека најоригиналниот подарок е оној кој не може да го понесе за дома.

Имено, Надал доби плакета на центарлниот терен на Ролан Гарос, па така од сега натаму секогаш на „Филип Шатрие“ ќе има место и за Рафа.

На плакетата која му е посветена на Шпанецот е врежан отпечаток од неговата патика и прикажани се 14-те освоени титули, па изненадувањето беше до толку добро и оригинално, што Надал не можеше да ги сокрие солзите.

Рафа емотивно се распрсна во тој момент, а неговите вечни ривали му пријдоа и го овековечија моментот со фотографија за паметење.

– Не знаев како ќе тече церемонијата, не знаев како точно ќе се одвива. Знаев дека ќе има изненадувања, но не знаев што ќе се случува. Кога ја видов плакетата мислев дека е само за оваа година, а не засекогаш…. Ова е огромна чест за мене, нависитна завладеаја големи емоции во мене кога дознав дека вечно ќе бидам дел од најважниот терен во мојата кариера. Ова е специјално, – изјави Надал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни