АТП
Музети откако ја избегна судбината на Ѓоковиќ: Реалноста е дека бев исплашен (Видео)

Лоренцо Музети се радува на своето прво полуфинале на Ролан Гарос, но истовремено може да биде среќен што воопшто стигна до такво нешто, од едноставна причина што ризикуваше дисквалификација со својот потег во вториот сет на мечот со Френсис Тиафо.
Во моментите кога Американецот беше подобар тенисер на теренот, нервозниот Лоренцо несакајќи ја погоди линиската судија откако го шутна топчето со левата нога, па иако според правилата постоеше можност да биде и дисквалификуван, Италијанецот мина само со опомена за неспортско однесување.
За разлика од него, Новак Ѓоковиќ пред пет години имаше сосема поинаква судбина и беше дисквалификуван на Ју-Ес Опен поради слична ситуација, па во моменти кога цела тениска јавност обвинува за „двојни аршини“, Музети имаше и доста непријатни прашања на прес-конференцијата која ја одржа по победата од 3:1.
– Да бидам искрен, тоа беше навистина несреќна случајност. Да бидам искрен, бев исплашен. Навистина не сакав да му наштетам на никого.
– Веднаш се извинив на линиската судија и секако им се извинив на сите. Со право добив предупредување и опомена, но судијата виде и процени дека нема намера и најверојатно поради тоа дозволија да продолжам да го играм мечот, – изјави Музети.
Lorenzo Musetti received a warning for unsportsmanlike conduct after this incident 😳 #RolandGarros pic.twitter.com/ted26XaBUv
— TNT Sports (@tntsports) June 3, 2025
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија14 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Англија21 час
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија16 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Шпанија19 часа
Салгадо очекува нова улога за Белингам: Ќе ја видиме најдобрата верзија од него