Поврзете се со нас

Македонија

Мукаетов испрати шампионска порака по историскиот успех на Алкалоид (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Живко Мукаетов оствари низа успеси како прв човек на ракометната Федерација, но откако го препушти престолот по крајот на Светското првенство, најголема спортска сатисфкација му е ракоментиот клуб Алкалоид.

Клубот од Автокоманда почна да се пробива на македонската ракометна мапа уште од самиот старт и лани ја освои првата историска титула во Купот, но оваа сезона пристигна уште поголем успех, откако ЕХФ и официјално го прогласи Алкалоид како победник во неодиграниот реванш со АЕК.

По големата победа во Атина, гостите од Грција одбија да играат во Скопје и ова утро пристигна вест дека натпреварот е регистриран со 10:0 за македонскиот претставник, кој на тој начин почна да ја слави освоената титула во Европскиот Куп на ЕХФ.

Мукаетов како прв човек на Алкалоид изрази огромно задоволство од остварениот успех, па радоста ја сподели и преку социјалните мрежи.

– Со визија изградена врз млади македонски таленти, силна верба во тимот и професионализам според светски стандарди – РК Алкалоид испиша нова страница во европскиот ракомет. Многумина не веруваа дека е возможно да се стигне толку брзо од салата во Автокоманда до врвот на Европскиот куп, но малку е ако кажам дека ми е навистина драго што успеавме!

– А како? Со напорна работа, максимална посветеност, силен тимски дух, верба во фер-плејот и лидерство какво секој би посакал на клупата. Искрени честитки и од срце ОГРОМНО благодарам на Кирила Лазаров кој и официјално стана прв македонски тренер во историјата на македонскиот ракомет кој освоил Европски трофеј.

– Огромно БРАВО за момците кои јуначки и витешки се бореа на секој меч! Секоја чест на стручниот штаб за професионално сработените задачи – докажавме дека со чесен, искрен и транспарентен пристап, без скриени ракавици и задкулисни игри, успехот секогаш сам доаѓа! За крај, и над сѐ, благодарност од СРЦЕ на прекрасната публика: вработените во Алкалоид прекрасните кафетинки, подмладокот од @rkalkaloid и @rkmultiessence – кои безрезервно ги бодреа своите идоли, како и непоправливите „ентузијасти“ кои верно нѐ следат на секој натпревар. Поздрав од сино-белите од Автокоманда! Со верба во себе и верба во Бога! НАПРЕД АЛКАЛОИД!!, – порача Мукаетов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни