Европски купови
Мукаетов испрати порака до јавноста и одговори на смешното соопштение од ЕХФ (Фото)

ЕХФ со чудно соопштение го проследи ракометниот скандал во Скопје и во својата објава нагласи дека натпреварот не се одиграл поради безбедносни причини, што дефинитивно пркоси и се коси со реалноста која вели дека вчера само еден тим сакаше да игра ракомет.
Гостите од Грција направија ракометен циркус и се погрижија за лакрдија од огромни размери, па дефинитивно најлошо во целата ситуација ќе биде ако излезат како победници од ова.
Целта да се бојкотира финалето од страна на АЕК во нормални услови треба да биде регистрирано со службен резултат од ЕХФ, но оскудното соопштение на Европската Федерација отвора можност и за поинакво сценарио, според кое најголем добитник би бил токму грчкиот тим.
АЕК очигледно има за цел да го игра реванш финалето на неутрален терен, а ЕХФ како највисоко ракометно тело во Европа има обврска да не дозволи такво нешто.
Ракометните фанови во Скопје вчера беа изиграни од грчкиот противник на Алкалоид и останаа покуси за ракометен спектакл, па денеска со официјален став се јави и Живко Мукаетов, првиот човек на ракометниот клуб од Автокоманда.
– Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех. Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа.
– РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси. Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ, – гласи објавата на Мукаетов која е своевиден одговор на смешното соопштение на ЕХФ.
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија11 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Шпанија22 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Свет24 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)
-
Англија3 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)