Евролига
Монако го сруши фаворизираниот Олимпијакос за историско финале во Евролигата

Кошаркарите на Монако направија изненадување и го совладаа Олимпијакос со 78:68 во вториот полуфинален меч на завршниот фајналфор турнир во Абу Даби.
Олимпијакос важеше за фаворит на овој меч, па и фаворит број еден на овој турнир за титулата, но клубот од Пиреја и оваа година останува со празни раце и ќе игра само за третото место со лутиот ривал Панатинаикос кој пак претходно беше надигран од Фенербахче.
Панатинаикос на колена, Фенербахче ќе се бори за пехарот во Евролигата
Монако одлично го неутрализираше најдобриот играч на Олимпијакос Везенков кој постигна само 7 поени, а кога учиникот е таков тешко е да се очекува грчкиот тим да слави во ваков меч без разлика на тоа што Фурние уфрли 31 поен.
Кај победникот се истакна Џејмс со 17 кошеви, 7 скока и 7 асистенции и Диало со 22 поени и 6 скока. Ова за Монако е испишување на историја затоа што за првпат ќе игра во финале на ова натпреварување.
History made. Final bound. 🇲🇨👏@ASMonaco_Basket are heading to their first-ever Championship Game! 🏆#F4GLORY pic.twitter.com/XrhHSvctUX
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 23, 2025
Истото е закажано за в недела од 20 часот.
-
Италија24 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија23 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија21 час
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија20 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Свет22 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)
-
Англија10 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Шпанија21 час
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)