Поврзете се со нас

Англија

Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

По трагичната судбина и големата несреќа во која животот го загубија двајцата браќа Диого Жота и Андре Силва, Ливерпул денеска го игра првиот пресезонски натпревар ова лето, а сосема очекувано, целата увертира на пријателската со Престон мина во знакот на португалскиот фудбалер.

Жота не дочека можност да се приклучи на подготовките поради страшната трагедија која ја имаше во Шпанија, па откако клубот реши целосно да ја повлече 20-та која ја носеше од сите професионални и младински категории, денеска за првпат во јавноста се испеа и „You’ll Never Walk Alone“ во негова чест.

Поради големиот интерес за натпреварот во Престон, неколку илјадници фанови на Ливерпул се најдоа на гостинската трибина, а сите тие во еден глас ја пееја легендарната песна во еден глас со официјалната изведувачка.

Капитенот на Престон положи венец пред гостинската трибина и се поклони пред навивачите на Ливерпул, по што следеа многу емотивни моменти за сите на стадионот „Дипдејл“.

По 45 минути игра, Ливерпул има предност од 0:1, а стрелец на голот беше Бредли.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни