Репрезентација
Младите го освоија Торшавн за трета победа во квалификациите за ЕП

Македонската репрезентација до 21 година славеше над Фарски Острови со 2-1 во шестиот меч од квалификациите за Европското првенство.
Ова за избраниците на Благоја Милевски беше втор гостински триумф во овој циклус, а до истиот во Торшавн дојдоа откако ги надиграа домашните фудбалери кои да потсетиме во претходното коло направија големо изненадување и го победија Израел со 3-1.
Нашите надежи искористија две од своите шанси, првата во 16 минута кога Ристовски биеше прецизно, додека пак другата беше во 80 кога на вистинското место се најде „резервистот“ Ацковски.
Домаќините до крајот постигнаа почесен гол и тоа преку Кнудсен во 84. минута.
Македонија сега има 10 бода што е доволно за второ место во групата 6 зад селекцијата на Шпанија која има 16 поени. Следниот натпревар за момците на Милевски е наредниот месец против Казахстан на гостински терен.
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Англија22 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Шпанија17 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија23 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал