Поврзете се со нас

Балкан

Митровски „изнуди“ црвен картон, Хајдук со нoв кикс во трката за титулата (ВИДЕО)

Објавено

на

Без победник заврши македонското дерби во хрватска или поточно соочувањето на Вараждин и Хајдук, пресметка во која имаше четворица наши фудбалери во составите на двете екипи.

Двајца од нив беа активни и го одиграа целиот натпревар, дефанзивецот Марио Младеновски и репрезентативецот Димитар Митровски, додека пак Ване Јованов и Александар Трајковски останаа на клупите за резерви.

Вук и Ливаја беа стрелци за головите (1-1), но Митровски беше инволвиран во можеби најважниот момент на натпреварот и тоа во 17 минута. Имено Димитар по еден близок контакт со Исмаил Диало падна на тревникот, а со помош на ВАР беше утврдено дека африканецот задал удар по што главниот судија му додели директен црвен картон.

Постои дилема дали Диало заслужи да биде исклучен, па и вие самите проценете ја оваа ситуација.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни