Македонија
Митревски: Топката конечно се сврте на наша страна

Никола Митревски имаше едно прескромно прво полувреме за свои стандарди, но кога беше најважно и најпотребно, искусниот голман ја покажа својата класа и заблеска на голот на Еурофарм Пелистер.
Неговите одбрани го иницираа пресвртот на Еурофарм Пелистер вреден победа и титула среде Скопје, па по огромниот триумф над Вардар, голманот на Еурофарм Пелистер не криеше дека овојпат и среќата била на нивна страна.
Неколку топки од статива и одбиени топки се враќаа во рацете на гостинските ракометари, па според Митревски, тоа ја направило и клучната разлика во завршните пет минути.
– Денес се случи се што може да се случи на еден ракометен натпервар. Имавме солиден старт, потоа Вардар го презема водството и стигна до предност од пет голови разлика. И покрај тоа, ние не се откажавме и не престанавме да веруваме. Знаевме дека имаме сила и квалитет да се вратиме, последните пет минути во првиот дел ни ја вратија надежта и заминавме со поприфатлива негатива.
– На стартот на вториот дел бевме стерилни во напад, но одбраната си ја заврши работата. На претходните натпревари топката не беше на наша страна, од стативата завршуваше во гол, а овојпат се промени среќата. Топката се сврте на наша страна, ударите од статива одеа надвор, а ударот кој заврши во нивната греда се врати во рацете на Хосни. Топката овојпат не сакаше нас и тоа ја направи разликата, – изјави Митревски по победата од 30:32.
-
Англија8 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет16 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија16 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП7 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија14 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Италија8 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра
-
АТП6 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)