Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски одлично си ја заврши својата работа, Порто ја доби првата битка против Алборг

Објавено

на

Составот на Порто за кого настапува македонскиот голман Никола Митревски издвојува победа над Алборг од 32-29 во првата битка од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Најдобриот португалски тим имаше одлично прво полувреме кое го реализираше со 18-14, во вториот дел данскиот претставник се закануваше, меѓутоа Никола и компанија ги одбранија сите напади и на крајот со плус три ќе го дочекаат реваншот кој е закажан за 7 април.

Репрезентативецот Митревски одлично си ја заврши работата и запре 11 удари на противникот, Итуриза со осум и Ареја со седум гола пак беа први стрелци. На спротивната страна листата на стрелци ја преводеше Бартолд со 8 погодоци.

На вториот дуел од истиот термин, ПСЖ како гостин го разби Целје со 37-24.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни