Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски и Порто немаа одговор за Пик Сегед

Објавено

на

Составот на Порто за кого настапува репрезентативецот Никола Митревски претрпе нов пораз во Лигата на шампионите, овојпат во пресметката со Пик Сегед во Унгарија која заврши со резултат 35-31.

Домаќините беа разиграни во првото полувреме, го надиграа противникот и на пауза заминаа со плус шест (18-12). Оваа негатива се покажа како недостижна за португалскиот претставник кој во вториот дел успеа само да се избори за поблаг пораз од „само“ четири голови.

Калман со 7 погодоци беше прв стрелец, кај Порто во таа категорија број еден беше Мартинс (шест гола). Македонскиот репрезентативец Митревски средбата ја заврши со 7 одбрани.

Во истиот термин пак во Брест, домашниот Мешков го совлада Кјелце со 35-30.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни