Лига на шампиони
Митревски блескаше на голот на Порто, но неговиот тим доживеа елиминација од Алборг
Македонскиот репрезентативен голман имаше уште еден извонреден натпревар во дресот на Порто кој за жал на крајот не се покажа како доволен за клубот од Португалија да оди во следната фаза од Лигата на шампионите.
Порто во реванш средбата во Данска кај Алборг загуби со 27:24, со иста негатива со која го доби домашниот натпревар, меѓутоа поради повеќето примени голови тимот на Алборг се пласираше во четвртфиналето.
Митревски одигра блескаво прво полувреме во кое собра неверојатни 12 интервенции, додека во вториот дел беше далеку поскромен и имаше само три интервенции. Како и да е нашиот репрезентативец беше убедливо најдобриот ракометар на Порто со 57% успешни интервенции.
Во таборот на Алборг најдобар поединец беше Клаар со шест постигнати погодоци, додека исто толку голови постигна и Алварез во тимот на Порто.
Што се однесува до вториот натпревар во Лигата на шампионите од истиот термин, Кил славеше со 33:28 против Пик Сегед и очекувано се пласираше во четвртфиналето.
-
Англија23 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија21 час
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија21 час
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија10 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Шпанија21 час
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет23 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)
-
Шпанија4 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)