Поврзете се со нас

Репрезентација

Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…

Објавено

на

Македонија по една трилер завршница остана без победа во пресметката со Велс во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Вистинска драма ни понуди судиското продолжение во Скопје во кое ние по една грешка на ветеранот Ален дојдовме до водство преку Миовски во 91 минута за да во 96 минута Брукс најдобро се снајде во нашиот шестнаесетник и ја смести топката во мрежата на Димитриевски за конечни 1-1.

-Само што заврши натпреварот, се уште сме со жешки глави. Имаше премногу емоции овој натпревар, стадионот беше полн. Знаевме против каква репрезентација играме, 90 проценти од играчите играат во Премиер лига, добро се браневме до последна минута и знаевме дека со борба ќе дојдеме до шанса. Таа шанса ја добивме во најпосакуваниот момент, навистина е жално да примиш гол во последните десет секунди, но ова може само повеќе да не сплоти како репрезнетација, да не издигне. Благодарност до публиката што не бодреше 90 минути, ние ќе продолжиме да го оставаме срцето на терен, -истакна напаѓачот Бојан Миовски.

Следниот натпревар за Македонија е против Белгија на 6 јуни во Скопје.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни