Поврзете се со нас

Млади спортисти

Министерството за спорт е покровител на учесниците на гимназијадата

Објавено

на

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска се сретна со стручниот тим и со дел од младите спортисти што ќе ја претставуваат Македонија на Светската и на Европската Гимназијада за основни и средни училишта, што ќе се одржи од 4 до 14 април 2025 година во Златибор, Србија.

На овој масовен спортски настан на кој ќе учестуваат над 4000 спортисти од 55 земји, Македонија ќе биде застапена со 60 спортисти што ќе се натпреваруваат во четири спортови – кошарка, одбојка, атлетика и пинг-понг.

Ристовски им посака успешен настап на претстојната Гимназијада истакнувајќи дека младите спортисти секогаш ќе ја имаат поддршката од Министерството за спорт.

– На нашите млади спортисти им посакувам да имаат успешен настап и силен мотив да го дадат својот максимум и со гордост да ја претставуваат Македонија на претстојната Гимназијада во Златибор. Министерството за спорт секогаш ќе биде на страната на спортот и ќе дава поддршка за младите таленти, бидејќи тие се иднината на македонскиот спорт – рече министерот Борко Ристовски.

 

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни