Репрезентација
Милевски селектираше за Казахстан и Израел: Имаме потенцијал, да ја повториме добрата игра од мечот со Шпанија

Благоја Милевски денеска го објави списокот на повикани фудбалери за двата претстојни квалификациски дуели на младинската репрезентација, која одново се обидува да обезбеди билет на едно Европско првенство.
Нашите надежи се прикажаа во нависитна добро светло против Шпанија и Фарски Острови минатиот месец, па сега на ред се натпреварите против Казахстан на гостински терен и оној против Израел во Скопје.
– Очекувам да ги повториме добрите игри од последните два натпревари против Шпанија и Фарски Острови. Казахстан е сериозна екипа, играат тимски и агресивно, а тоа го потврдија на нашиот прв меѓусебен дуел во Скопје. Во составот недостасува Трапановски, а дебитант е Миовски од унгарски МТК.
– Сметам дека имаме квалитет и потенцијал за добар резултат и наша цел е да останеме конкурентни за висок пласман во групата до крајот од квалификациите. Добрата игра против Шпанија не ни донесе бодови, а тоа значи дека не ни преостанува ништо друго освен да се бориме за победа на секој натпреавр до крајот од квалификацискиот циклус, – изјави Милевски.
Повикани фудбалери:
ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев);
ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Зорја, Украина)), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Славија Софија, Бугарија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Оливер Стојменовски (Борец), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.);
СРЕДЕН РЕД: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ, Кипар), Кристијан АЦКОВСКИ (Брегалница), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Јани Атанасов (Хајдук, Сплит),Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија);
Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција);
НАПАД: Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Штутгарт, Германија), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција), Давид ТОШЕВСКИ (Ростов, Русија), Марко ЃОРГИЕВСКИ (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим ФАЗЛИУ (Пелитер).
-
Свет22 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)
-
Светски првенства8 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Шпанија17 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија15 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Светски првенства8 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
АТП13 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија23 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал