Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Горд сум на овие момци, покажаа како треба да се игра против една Шпанија

Објавено

на

Македонската млада фудбалска репрезентација доживеа минимален пораз од Шпанија од 1-0 на денешниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Нашите надежи беа рамноправни со нивните сонародници, но на крајот не успеа да дојдат до бод иако истиот го заслужија со тоа што мора да се напомене дека промашивме пенал преку Митровски во 88 минута.

-Кога ќе ги собереме впечатоците, горд сум на овие момци. Покажаа како треба да се игра против една Шпанија. Сите треба да бидеме горди, зашто овој тим има потенцијал и квалитет за да напредува и да биде конкурентен во европски рамки, -истакна селекторот Благоја Милевски.

-Нашата примарна работа е да селектираме и да создаваме репрезентативци кои ќе имаат потенцијал за да напредуваат во иднина и да бидат дел од А репрезентацијата. Поголем дел од фудбалерите покажаа дека може да се смета на нив во иднина.

-Слаби тимови денеска не постојат. Ако не влезете максимално подготвени на било кој натпревар, тогаш не може да очекувате поволен резултат. Се надевам дека ќе се подготвиме добро следниот дуел против Фарски Острови, -дополни Милевски.

Дуелот со Фарски Острови е закажан за 8 септември.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни