Репрезентација
Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за квалификациските натпревари со Шпанија и Фарски Острови

Репрезентацијата на Македонија до 21 година следниот месец ќе одигра два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство против Шпанија и Фарски Острови.
Избраниците на Благоја Милевски најпрво ќе одиграат натпревар против фаворизираната Шпанија на 3. септември на Националната арена „Тодор Проески“, за пет дена подоцна да гостуваат на Фарски Острови.
Во младата репрезентација има дури шестмина дебитанти, а на овој список ги нема Јани Атанасов и Емил Абаз кои се уште немаат пронајдено клубови.
– Поради промената во системот за натпреварување и начинот за пласман на Европското првенство, (првопласираните по група и петте најдобро пласирани втори репрезентации обезбедуваат место на ЕП), не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме да освоиме колку што е можно повеќе бодови до крајот од квалификацискиот циклус. За овие натпреаври ќе ни недостасуваат, односно нема да сметаме на Јани Атанасов и Емил Абаз, фудбалери кои сеуште го немаат решено клупскиот статус, а поради повреда го немаме ниту Хајдари. Неизвесен е и настапот на Серафимов, но се надевам дека ќе се опорави од повредата, веќе е во тренажен процес и ќе биде во конкуренција за настап. Имаме неколку дебитанти, Алчевски, Тодоровски, Тошевски, Младеновски, Шеји и Фазлиу кои се надевам дека ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот и ќе дадат придонес во нашата игра. Шпанија е голем фаворит, не треба да се потенцира посебно нивниот квалитет, но јас се надевам дека ќе бидеме на нивото од првото полувреме од нашиот меѓусебен дуел во Шпанија и квалитетно ќе се спротивставиме, изјави Благоја Милевски.
ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев);
ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Истра, Хрватска), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Ване ЈОВАНОВ (Академија Пандев), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Марио МЛАДЕНОВСКИ (Фремад Амагер, Данска);
СРЕДЕН РЕД: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ, Кипар), Кристијан АЦКОВСКИ (Брегалница), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Димитар ТОДОРОВСКИ (Работнички), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција);
НАПАД: Милан РИСТОВСКИ (Ријека, Хрватска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Штутгарт, Германија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Академија Пандев), Давид ТОШЕВСКИ (Ростов, Русија), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија), Марко ЃОРГИЕВСКИ (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим ФАЗЛИУ (Пелитер);
-
Шпанија9 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија7 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет15 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП6 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија13 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
АТП5 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)
-
Англија14 часа
Керол се врати во Англија и тоа во шестата лига: Моите деца мислеа дека ќе потпишам за Челси (Фото)