Поврзете се со нас

Свет

Маскерано: Меси руши рекорди на секои три дена

Објавено

на

foto: x.com/InterMiamiCF

Интер Мајами дојде до нова победа во МЛС лигата, а најголема заслуга за тоа имаше капитенот Лионел Меси.

Ветеранот беше автор на двата гола за клубот од Флорида во соочување со Нешвил кое заврши со резултат 2-1. Со ова само продолжи извонредната серија на Аргентинецот кој петти меч во низа постигна по два гола во шампионатот со што испиша нова страница во историјата на ова натпреварување.

Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)

Тренерот Хавиер Маскерано имаше што да каже за сонародникот, но во исто време истакна дека се надева оти ќе се најде идеално време Меси да добие одмор со оглед на напорниот распоред.

-Очигледно, ја следиме ситуацијата секојдневно и водиме постојани разговори со него. Ќе го најдеме вистинското време да му дадеме одмор. Она што тој продолжува да го прави е неверојатно – крши рекорди на секои три дена. Тој е знаменосец на овој тим, наш лидер и ги поставува стандардите за тоа како се натпреваруваме. Вистински благослов е да се биде дел од оваа фаза од неговата кариера, -истакна Маскерано кој воедно застана во одбрана на Луис Суарез.

-Не би било во ред од мене да критикувам некого кој постигнал над 500 гола во својата кариера. Луис е одличен играч, исто како Лео, Бускетс и Жорди. Кога не постигнува гол, започнува дискусијата – но ни дава многу повеќе. Само пред две недели, зборувавме за неговиот прекрасен гол против Палмеирас. Фудбалот е динамичен. Се додека нашите врвни играчи се здрави, ќе ги поддржувам – и нашите млади играчи – до крај, -порача предводникот на Интер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни