Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“ шпекулира: Можен пресврт во одлуката на Рамос?

Објавено

на

Шпанскиот весник „Марка“ во своето денешно издание пренесе вест која е поврзана со капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос и неговото евентуално останување во клубот.

Искусниот стопер засега не го продолжува договорот со „кралевите“, а медиумите веќе објавија дека ПСЖ и Манчестер Јунајтед се сериозно заинтересирани за неговите услуги.

Сепак, како што јавува медиумот, Рамос би можел да се премисли во последен момент откако бил презадоволен од односот на клубот по неговата операција која ќе го оддалечи од терените извесен период.

Имено, Рамос добил повик од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и разговорот поминал во крајно мирна атмосфера без никакви тензии кои медиумите упорно сакаа да ги наметнат меѓу двете страни.

Перез му посочил на Рамос дека тој ќе ја има сета потребна почит за тоа што го дал во Реал Мадрид изминативе 16 години без оглед каква и да е неговата конечна одлука.

Според најавите од Шпанија, Рамос бил позитивно изненаден од односот на Перез поради што е можно да ја преиспита својата одлука за заминување откако доби понуда да остане само уште една сезона. Според „Марка“, Рамос се уште е поблиску до заминување отколку до останување, но затоплувањето на односите со Перез е нешто што е добредојдено во оваа ситуација и голем е бројот на оние во Мадрид кои се надеваат дека е можно капитенот наскоро да го промени мислењето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни