Поврзете се со нас

АТП

Малерозен меч: Синер ќе чека резултат од магнетна резонанца пред четвртфиналето на Вимблдон

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Григор Димитров се покажа како тенисер кој нема воопшто среќа на грен слем турнирите во последната година, бидејќи на петти голем настан во низа го заврши својот настап поради повреда.

Катастрофалната серија започна минатата година на Вимблдон, продолжи на Ју-Ес Опен и Аустралијан Опен, се чинеше дека последна лоша станица ќе биде Ролан Гарос, но сега Бугаринот го доживеа најлошото сценарио во осминафиналето против Јаник Синер.

Кога се беше на негова страна и се чинеше дека е на добар пат кон сензација, Димитров беше принуден да го предаде мечот при водство од 2:0, а причина за тоа беше повреда во пределот на рамото.

Синер без да освои сет се пласираше меѓу осумте најдобри на Вимблдон, но во овој момент, доста неизвесно е во каква состојба ќе биде и Италијанецот за пресметката со Бен Шелтон.

Јаник се жалеше на проблем со десниот лакт од самиот вовед на мечот и имаше проблеми при сервис и форхенд, а по крајот на несреќниот меч со Димитров, најави дека ќе мора да чека резултат од магнетна резонанца пред да размислува за четвртфиналето.

– Имав непријатен момент во воведот од мечот, уште во првиот меч. Имав несреќен пад, сега ги прегледав видеата и искрено не видов нешто сериозно. Сепак, доста често осеќав непријатност додека играв, особено на сервис и форхенд. Ќе мора да видиме што е, ќе направам магнетна резонанца и ќе видиме што е, – изјави Синер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни