Поврзете се со нас

Европски купови

Македонскиот поход среде Атина го симна Мукаетов во соблекувалната на Алкалоид (Фото)

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Живко Мукаетов го заврши својот незаборавен мандат како прв човек на Ракометната Федерација на Македонија, но познатиот бизнисмен остана блиску до ракометот како главен на возбудливиот проект кој самиот тој го стартуваше со ракометниот клуб Алкалоид.

Откако минатата година беше освоена првата историска титула во ракометниот Куп на Македонија, Алкалоид сега е на еден чекор од голем подвиг во Европа, бидејќи избраниците на Кирил Лазаров денеска остварија огромна победа во Атина.

Алкалоид го победи АЕК среде грчката престолнина со 25:29 и си обезбеди голема предност пред реванш финалето кое за една недела се игра во Скопје, натпревар на кој за очекување е да има полна сала за момците на Лазаров.

Иако сите свои домашни натпревари оваа сезона ги играше во Автокоманда, Алкалоид реши за финалето да го избере СЦ „Борис Трајковски“, па јасно е дека за седум дена отсега ќе има голем ракометен спектакл во Скопје.

Уверливата и заслужена победа му го трасира патот на Алкалоид кон првиот европски трофеј во своето кратко постоење, а тоа секако предизвика огромна радост и кај Живко Мукаетов кој лично се симнал во соблекувалната за да им честита на играчите и стручниот штаб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни