Поврзете се со нас

Италија

Лавеци откри зошти ги одбил Интер и Јувентус

Објавено

на

Аргентинскиот напаѓач, Езекиел Лавеци ќе биде запаметен по одличните настапи во дресот на Наполи, а потоа и по трансферот во Пари Сен Жермен.

Тоа беа најдобрите години од неговата професионална кариера која одлучи да ја заврши во 2019 година по авантурата во Хабеи од Кина. Од денешна перспектива тој се наврати на минатото и проговори и откри зошто своевремено им кажал „НЕ“ на Интер и Јувентус, клубови од кои имаше отворени понуди да се пресели во нивните редови.

-Имав неколку шанси да се вратам во Серија А, но не сакав да го изневерам Наполи. Не сакав да играм во било кој друг европски клуб. Никогаш немаше да замина во Јувентус, а двапати бев блиску до Интер. Првиот пат пред да заминам во ПСЖ, потоа и пред да се преселам во Кина, -обелодени Лавеци кој проговори за заминувањето од Неапол.

-Во одреден момент сакав да дишам, сакав потивок град и решив да се приклучам на ПСЖ. Кога се преселивме во Париз, мојот син ми ми рече дека Неапол е многу поубав од Париз, но дека конечно имаме шанса мирно да прошетаме низ градот.

-Ова само го кажувам, но имам одличен однос со Наполи и нивните навивачи. Се надевам дека ќе можам да се вратам еден ден затоа што таму имам многу пријатели, -порачува Аргентинецот за „Скај Спорт Италија“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни