Македонија
Кузмановски: Ги затнавме устите на многумина, ова не се случува често

Филип Кузмановски како прав капитен го водеше Еурофарм Пелистер до огромна победа над Вардар на тешкото гостување во Скопје, триумф со кој „зелено-белите“ трета година по ред се изборија за статусот на национални шампиони.
Иако беа во подредена улога во најдобар дел од мечот, гостите од Битола беа најдобри кога беше најпотребно, а Кузмановски со седум погодоци беше вистински водич на својот тим.
– Ова беше ракометен спектакл, не може да се каже нешто друго. Навистина сум среќен за победата, бидејќи оваа сезона беше многу тешка за нас. Изгиравме многу натпревари, имавме турбуленции и го загубивме секој пехар до овој натпревар.
– Така беше до денеска, но сега им ги затнавме устите на некои луѓе. Никако не беше лесно да се победи во „Јане Сандански“, ова не се случува често. Голема благодарност до „Чкембарите“, тие беа оние кои најмногу веруваа во трофејот. Горд сум на моите соиграчи, ова е за нашите семејства, за цела Битола, – изјави Кузмановски, кој сепак не потврди дека ќе биде лидер на Пелистер и следната сезона.
– Многу теми се отворија пред овој натпревар, но јас останав концентриран само на пехарот. Сакам да славам со екипата, ова беше напорна сезона, како во Лигата на шампиони, така во домашното првенство и во репрезентацијата. Оваа година е една од најдобрите за мене во кариерата, а за иднината ќе видиме. Не се прашувам само јас, имам мало дете, семејство и мислам на нив. Сакам сите да бидат срќени, сакам да го изберам правилниот потег и сите да бидеме среќни заедно, – изјави Кузмановски кој како што стојат работите, допрва ќе одлучува за иднината.
-
Англија7 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет15 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија15 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП5 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија13 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
АТП5 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)
-
Италија6 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра