Шпанија
Куман: Сигурен сум дека ќе станеме шампиони доколку одработиме како што треба
Роналд Куман нема да биде на клупата на Барселона за време на неговото враќање на „Месталја“, стадион на кој дефинитивно не е омилен лик после лошата авантура која ја имаше во Валенсија како тренер на првито тим пред повеќе до 10 години.
Холандскиот стручњак најави дека ќе ја обжали одлуката на дисциплинците и се надева дека ќе може да го води тимот на следното дерби со Атлетико Мадрид, кое може да одговори многу прашања околу тоа кој ќе влезе како прв фаворит за титулата во Примера во последните три кола.
На пет кола до финишот, четири тима се во три бода и Куман смета дека сите имаат шанси за трофејот, но потенцира дека неговиот тим ќе стане првак доколку победи на последните пет средби, започнувајќи утре на гости кај Валенсија.
– Ако победиме на последните пет натпревари, уверен сум дека ние ќе бидеме шампиони. Ако одработиме како што треба се до крајот, ние ќе бидеме шампиони. Секако дека беше тежок удар поразот од Гранада, особено поради фактот како примивме два гола.
– Оваа сезона се докажа дека Ла Лига е многу изедначена, има многу добри тимови при врвот. Четири тима се борат за титулата, не двојат само три бода. Ако не си добар во еден меч и ако не си максимално посветен, скапо го плаќаш тоа. Ние скапо плативме пред два дена. Нема супериорен тим, се е многу изедначено и ова е доказ дека Ла Лига е најинтересно натпреварување, – изјави Куман.
-
Англија7 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет14 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија15 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП5 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија13 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
АТП5 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)
-
Италија6 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра