Европски купови
Коментар: ЕХФ е ова или панаѓур?

Обидот да се засени сензационалниот успех на РК Алкалоид со неизлегување на теренот од страна на противниците во финалето од Купот на ЕХФ е лоша порака за спортот, која во нормални околности не смее да се толерира.
Со четири гола предност од првата средба, Алкалоид имаше комотна позиција да го дочека АЕК во Скопје и да им даде уште една лекција по модерен ракомет. Во ниеден случај нема логика по која домаќините сами би си ја искомплицирале таквата позиција.
Но за гостите, очигледно важеше онаа старата дека „давеникот се фаќа и за сламка“. Веќе е очигледно дека се обидоа да најдат ѝрчка и да исценираат „инцидент“, колку тоа и да е на инфантилна основа. За кавга се потребни двајца, но во случајов не можеа ништо против четата на Кире Лазаров, па удрија по локалните власти.
Тактиката не е непозната и се сведува на лажните обвинувања од басните за деца, кога потенцијалната жртва (јагнето) е обвинета дека ја мати водата на оној што сака да дојде до кавга (волкот), иако нивните позиции (обратно од текот на водата) укажуваат дека тоа не е можно. АЕК се обидува да докаже дека не биле почитувани нивните навивачи и тоа во официјалното соопштение го надградува со „не преговараме за гордоста“.
Има ли капацитет и интегритет Европската ракометна федерација против политикантите од ваков калибар? Дали АЕК може во недоглед да изнесува обвинувања и да прави скандали во низа, надевајќи се дека повторно ќе успее да го измести домаќинот како што тоа го направи со Партизан и го премести натпреварот да се игра на терен во Бугарија?
Инсистирањето на доведување 650 навивачи наместо 200, за домаќинот претставува дополнителен безбедносен ризик и потреба за обезбедување на истите. Тоа значи и тројно повеќе полиција, тројно повеќе редари, тројно повеќе шанса за конфликт. Ако таквата навивачка група има толкава моќ да им наредува на официјалните лица на тимот дека „не смеат да се вратат во Атина ако излезат на терен во Скопје“, тоа нема ништо заедничко со спортот. Тоа е „инцидент во најава“ како и да свртиш.
Повредата на Дуарте исто така треба да се земе предвид кога се зборува за подоцнежно преигрување на реваншот. Поранешниот член на Барселона сега е заедно со колонијата Французи во АЕК, почнувајќи од тренерот, па се до останатите ветерани кои некогаш играле во ПСЖ. „Купувањето на време“ може да се прочита меѓу редови во оваа карма-каша. Дополнително, на домаќините календарот во следниот период им е полн со настани од домашното првенство и со одржување на Купот во Охрид закажан за иднот викенд. Било каква одлука за играње натпревар по 10 дена би значела само агенда во која АЕК ќе добие изморени, па дури можеби и ослабени противници поради некоја непосакувана повреда.
РК Алкалоид покажа кој е шампион на теренот, со својата игра и со својот напредок од година во година. ЕХФ треба да покаже дека е сериозна федерација која навистина ја негува и развива ракометната игра, а не политиканството.
Александар Табаковски
-
Англија11 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет18 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија13 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП9 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Светски првенства4 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Светски првенства5 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
Англија19 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Италија17 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)