Поврзете се со нас

Свет

Колина задоволен од трите нови правила кои ги примени ФИФА: Остваривме голем успех

Објавено

на

Светското клупско првенство како нов формат дојде како вистинско освежување во летниот период, но овој турнир ФИФА го искористи за да испроба и три нова правила на највисока фудбалска сцена.

За првпат на интернационално ниво судиите носеа камери на себе и го снимаа натпреварот од своја перспектива, воведно беше ново правило за голмани, а исто така беше промовирана и напредна верзија на полуавтоматска технологија за офсајд.

Пјерлуиџи Колина како претседател на судиската ФИФА комисија е задоволен од воведувањето на трите правила, нагласувајќи дека светската федерација направила вистински успех со имплементација на истите.

– Резултатот со користење на судиски камери ги надмина нашите очекувања. Мислевме дека тоа ќе биде интересно само за гледачите кои ќе добијат нова перспектива на фудбал, но сега сите ни велат дека ова треба да се користи на сите фудбалски натпревари. Ова правило не донесе само забава, туку испадна и корисна обука за одредени судии за како треба да се справат со некои ситуации на теренот. Целта е постигната сто проценти.

– Голманското правило за максимално држење на топката од осум секунди беше многу успешно. Веќе нема често трошење на време на кое навикнавме. Фактот што само двајца голмани беа казнети со корнер за ривалот е најдобар доказ за тоа. Правилото се почитуваше во најголем дел од времето. Целта беше да не гледаме повеќе корнери, туку да се спречи одолговлекувањето од голманите, – објаснување Колина и завршува.

– ВАР составот праќаше дополнителен сигнал до линискиот судија пред играчот да почне да трча кога е во офсајд ситуација. Многу сме задоволни од оваа технологија за полуавтоматски офсајд. Употребата од судиите во ВАР беше одлична, – нагласи Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни