Англија
Класата е вечна: Агуеро со мајсторски погодок му донесе победа на Сити (Видео)
Пеп Гвардиола одмори огромен дел од стартерите против ПСЖ, но дури и во таква ситуација, располага со тим кој може комотно да сее страв во Премиер лигата, натпреварување во кое сега се практично пред освојување на трофејот по најновата победа.
Шпанскиот стручњак му даде шанса од првата минута на Кун Агуеро во пресметката со Кристал Палас, а искусниот аргентински голгетер ја покажа цела своја класа, па со МВП издание на „Селхрт парк“, докажа дека има уште многу што да понуди во фудбалот, без оглед на тоа што си заминува од Сити.
Гостите од Манчестер доста се мачеа во првото полувреме, но на стартот на вторио дел, набрзина го решија прашањето околу победникот, па веќе утре може да бидат нови шампиони на Англија доколку Јунајтед не победи во дербито со Ливерпул.
Агуеро изрежира мајсторија во 57-та минута за водство од 0:1, откако со приемот си ја намести топката за полу-волеј, а потоа со маестрална голгетерска завршница испрати неодбранлив удар.
Две минути по погодокот на Кун, Феран Торес стрелаше за 0:2, а во тој момент стана јасно дека Сити ја осигура победата со половина сили, без да потроши голем дел од играчите кои беа стартери против ПСЖ.
-
Англија8 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет16 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Италија14 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП7 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија8 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра
-
Светски првенства2 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)