Поврзете се со нас

АТП

Кирјос: Машкиот тенис стана досаден

Објавено

на

Foto:x.com/BrisbaneTennis

Ник Кирјос пред неколку дена најави дека за крајот на годината подготвува спектакл во режија со Арина Сабаленка, а на денот кога се игра големото финале на Вимблдон во машка конкуренција, Австралиецот испорача и една интересна изјава за женскиот тенис.

Кирјос смета дека на машкиот тенис во овој момент има недостаток на возбуда, нешто што според него не е случај во женска конкуренција каде често гледаме интересни пресметки и во раните фази од турнирите.

– Да бидам искрен, тенисот во овој момент е малку досаден, нема многу големи ривалства во машкиот дел. Гледав доста мечеви, ги анализирав и ги коментирав, но нема доволно возбуда.

– Нивото на игра е неверојатно, но мислам дека повеќе возбуда и ривалитет има во женскиот дел.

– Мечот меѓу Ема Радукануи Арина Сабаленка беше извонреден, исто како и оној меѓу Сабаленка и Анисимова. Во тие мечеви видов повеќе битка и натпреварувачки дух отколку на мечевите во машка конкуренција, – вели Кирјос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни