Англија
Кејхил издвои едно засилување на Челси: Тоа е одлична зделка…

Гери Кејхил своите најдобри години фудбалер ги мина во редовите на Челси и тоа во периодот од 2012 до 2019 година, период во кој беше и стандарден англиски репрезентативец.
Тој со „сините“ го освои сите титули во Англија, плус Лигата на шампионите и Лига Европа што значи дека засекогаш ќе го памети клубот од Лондон кој посакува да биде успешен денеска и во иднина.
„Сините“ се обидуваат да создадат нов успешен проект, титулата во Конференциската лига е најава за тоа, а вечерва може да се освои и Светското клупско првенство што би било огромен успех за составот предводен од Енцо Мареска.
Премиерлигашот веќе доведе неколку имиња во овој преоден рок, но Кејхил се одлучи да му посвети посебно внимание на едно-напаѓачот Лиам Делап кој пристигна од Ипсвич.
-Очигледно, големиот е Лиам Делап. Мислам дека очигледно имаше потреба да се додаде напаѓач. Како и секој во Премиер лигата, барате голови, нели? Мислам дека Кол Палмер беше најдобар стрелец во последните неколку сезони како играч од средниот ред број 10. Значи, им требаше малку огнена моќ таму и навистина ми се допаѓа.
-Го гледав неколку пати за Ипсвич минатата сезона. Тој е деветка што мислам дека е добра работа за Челси. Работи напорно, силен, физички, трча позади, технички е пристоен. Па затоа сум многу возбуден да видам како ќе се снајде таму. Мислам дека во однос на талентот, тој сигурно ќе се снајде. Ќе биде интересно да се види како ќе успее да се пробие во огромен клуб. Без непочитување кон Ипсвич, зборувам за средина, па ќе биде интересно да се види како ќе се снајде таму. Но, од снимките што ги видов од него на Светското клупско првенство, изгледа многу возбудливо. Мислам дека тоа е одлична зделка, -смета Кејхил.
-
АТП24 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Англија12 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија4 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија23 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет11 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)