Поврзете се со нас

Италија

Касано му посакува успех на Милан поради еден човек: Тој е еден од ретките добри луѓе во фудбалот!

Објавено

на

Антонио Касано редовно е актуелен во италијанската јавност преку своите анализи и коментари кои ги дава во разговорите за „Бобо ТВ“, подкаст кој е дело и идеја на легендариот италијански напаѓач, Кристијан Виери.

Касано е редовен гостин во шоуто на својот добар пријател и секоја седмица дава коментари за фудбалските случувања, па во пресрет на неизвесната завршницата која следи во Серија А, Антонио потенцира дека ќе биде голема неправда доколку Милан остане надвор од местата кои водат во Лигата на шампионите.

„Росонерите“ потклекнаа во последно време и сега жестоко ќе се борат за место во топ четири, успех кој Касано вели дека посебно го посакува поради тренерот на Милан, Стефано Пиоли.

– Пиоли има неверојатни 18 месеци како тренер на Милан, тој направи многу добри работи и е сакан од сите во тимот. Започнувајќи од Златан, па се до младите фудбалери во тимот.

– Го сретнав Пиоли, тој го заслужува цел успех на светот според мене. Тој е понизен, добар тренер и се надевам дека на крајот ќе ја оствари својата цел оваа сезона. Тој е еден од ретките луѓе кои се вистински добри во фудбалот, – завршува Касано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни