Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кањелјас не ги заборави навивачите на Вардар: Многу недостасуваа на трибините, се надевам дека ќе се видиме следниот пат (ФОТО)

Објавено

на

Тимот на ПИК Сегед по голема борба успеа да слави над Вардар во Лигата на шампионите, односно конечно да го освои Скопје и СЦ „Јане Сандански“.

Дел од победничкиот тим на унгарскиот тим беше Жоан Кањелјас кој многу добро го познава овој терен со оглед на тоа што две години го носеше дресот на „црвено-црните“ и токму тука ја крена титулата во елитното натпреварување.

Шпанецот многу добро знае и каква е атмосферата и какви навивачи има Вардар, па во својата порака по средбата во Аеродром не заборави да ги спомени притоа посочувајќи дека се надева дека наредниот пат ќе може да ги види на трибините и да ги поздрави.

-Се враќаме дома со двата бода! Секогаш е специјално да се игра во Скопје, но денес многу ми недостасуваа навивачите на трибините. Се надевам дека ќе можеме да се видиме следниот пат кога ќе се вратам тука! Фала Скопје, -напиша искусниот бек кој даде два погодоци против Вардар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни