Поврзете се со нас

Балкан

Како брз воз: Цветаноски го претрча капитенот на Борац и го матираше Шишковски (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkzeljeznicar/Damir Hajdarbašić

Тимот на Железничар успеа со голем пресврт да дојде до победа во соочувањето со Борац Бања Лука во рамките на 27. коло во првата лига на Босна и Херцеговина.

Еден од хероите на домаќините е македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски кој одлично се снајде по влегувањето во игра во второто полувреме, а неговиот најдобар потег дојде во 76. минута кога ја искористи својата свежина, брзина и го претрча капитенот на гостите Зоран Квржиќ и потоа го матираше Дамјан Шишковски.

Тоа беше за 1-1 за да потоа Железничар даде уште еден гол вo 90 минута и се избори за славје, а со тоа во исто време му нанесе сериозен удар на Борац во трката за пехарот во шампионатот.

За гостите стартер беше и Бобан Николов кој беше активен до 80 минута.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни