Поврзете се со нас

Италија

Јувентус ги договорил личните услови со прецртаната ѕвезда на Аморим

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Игор Тудор има замисла неговиот офанзивен дел од тимот да изгледа целосно поинакво во новата натпреварувачка сезона, а покрај ударните позиции во нападот, тука се мисли и на крилните позиции.

Од играчите кои ја завршија сезоната, местото му е сигурно само на Кенан Јилдиз, Јувентус има план да го откупи Консеисао од Порто, а веќе го доведе Џонатан Дејвид како големо засилување од француската Лига 1.

Клубот од Торино исто така е во преговори за нов заем на Коло Муани, планот е по секоја цена да биде ослободен Душан Влаховиќ, а „Тутоспорт“ денеска јавува дека оперативците на Јуве успеале да постигнат личен договор со Џејдон Санчо, што воедно е голем чекор напред кон комплетирање на операцијата.

Како што јавуваат новинарите од Италија, Санчо се согласил да има значително намалување на платата во ситуација кога ќе добие четиригодишен договор, а според истиот, ќе инкасира по 5 милиони евра по сезона.

Крилниот напаѓач е прецртан од Рубен Аморим и е ставен на трансфер листата од Манчестер Јунајтед, па по личниот договор со фудбалерот, Јувентус сега ќе мора да ја договори трансфер сумата и со клубот од „Олд Трафорд“.

Санчо изминатава сезона ја мина на позајмица во Челси, но клубот од Лондон реши да не ја вклучи опцијата за откуп, иако поседуваше такво право за сума од 25 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни