Поврзете се со нас

Репрезентација

Јовановски: Младите покажаа дека можат да се надигруваат со најдобрите, тие се голема перспектива на нашиот фудбал

Објавено

на

Македонската репрезентација до 21 година ја очекува нов предивизвик и дуел со Фарски Острови во квалификациите за пласман на Европското првенство, но во пресрет на таа задача избраниците на Благоја Милевски добија комплименти од нашот истакнат стручњак Ѓоре Јовановски за изданието протов Шпанија.

Нашите надежи во изедначен меч загубија од „црвената фурија“ со 1-0 со гол од пенал со тоа што ние имавме голема шанса да дојдеме до бод, но го промашивме ударот од 11 метри преку Митровски.

Фудбалерите на Милевски заслужуваат честитки пред сѐзаради односот кон играта, тактичката зрелост и безусловното држење до инструкциите од стручниот штаб. Шпанија е светска фудбалска сила и тие се посебно доминантни во младите категории, а кога на еден таков состав нема да му дозволите да создаде ниту една шанса или полуприлика за погодок, тогаш занете дека сте завршиле голема работа. Овие момци од Македонија до 21 година имаат квалитет и сметам дека се голема перспектива на нашиот фудбал.

-Психолошки, сметам дека натпреварот со Шпанија може само позитивно да влијае на фудбалерите спроти дуелот со Фарски Острови. Момците покажаа дека можат да се надигруваат со најдобрите и треба да го задржат тоа ниво. Ќе влеземе како фаворити, но треба да бидеме и внимателни. Немам сомнение дека селекторот ќе направи добра подготовка за дуелот, а играчите треба да го повторат професионализмот и одностот кон играта. Мислам дека сме на вистинскиот правец и верувам во оваа репрезентација, –истакна Ѓоре Јовановски.

Дуелот со Фарски Острови го играме на 8. септември од 15:00 часот по македонско време.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни