Поврзете се со нас

Шпанија

Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Ламин Јамал почна со роденденските активности уште во текот на вчершаниот ден, а забавата која почнала на полноќ ја дочека во исклучително необичен и луд стајлинг.

Неверојатниот талент на Барселона со бело одело, специфични чевли и сребрен бастун го дочека своето полнолетство, па иако воглавно до себе имал свои блиски пријатели и членови од семејството, дел од забавата биле и Гави и Балде.

Видеата од социјалните мрежи откриваат дека ѕвездите на Барселона уживале во роденденската прослава на Јамал, кој од денеска и официјално веќе не е тинејџер.

Ламин на свои 17 години успеа да стане европски шампион и ја освои титулата во Ла Лига со Барселона, па повеќе од јасно е дека има светла иднина пред себе.

Прогнозите се дека тој ќе биде еден од главните фаворити за освојување на годинешната „Златна топка“, а главни конкуренти треба да му бидат тимскиот колега Рафиња, како и Усман Дембеле од ПСЖ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни