Шпанија
Јамал си посака две големи роденденски желби по повод својот 18. роденден (Видео)

Ламин Јамал освои многу големи работи во тинејџерските години, а сега на денот кога стана полнолетен, младата ѕвезда на Барселона си посака две желби по повод 18-от роденден.
Шпанскиот репрезентативец денеска полни 18 години и со славеничко расположение се појави на подготовките на Барселона, но ја искористи шансата за да даде и една роденденеска изјава.
Јамал на 17 години успеа да ги освои титулите во Ла Лига, Копа дел Реј и Суперкупот, но исто така, минатото лето стана и европски шампион во првите неколку дена како 17-годишник.
Во оваа рана фаза од кариерата, на Јамал му недостасуваат само две големи титули, па самиот си ги побара истите како единствена спортска желба во годината која претстои.
– На 18 години барам да го имам она што го имав на 16 и 17 години, плус титулите кои ми недостасуваат. Мислам на Светското првенство и Лигата на шампиони.
– Мојот менталитет ми кажува дека морам да одам и да победам на секој меч. Не размислувам на фактот што имам толку многу години пред себе за играње. Сакам да победам сега и ќе дадам се од себе за да го постигнам тоа. На фановите можам да им кажам дека Лигата на шампионите ќе се врати дома, а јас исто така се стремам и кон титула на Светското првенство, – порача Јамал.
🎂 The birthday boy has his wish list ready.
✅ @BarcaOneFCB pic.twitter.com/ax1GXcXg59
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 13, 2025
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија11 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија23 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија22 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Шпанија22 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет24 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)
-
Англија3 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)