Поврзете се со нас

АТП

Историско финале за паметење: Алкарас спаси три меч топки и го доби епскиот трилер со Синер! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Карлос Алкарас и Јаник Синер одиграа епско и историско финале на Ролан Гарос, во кое на крајот повеќе енергија и нерви имаше бранителнот на титулата.

Иако беше на работ од бездната во четвртиот сет, Алкарас успеа да се издигне како феникс и режираше пресврт во стилот на својот идол Рафаел Надал, па на крајот се закити со втора титула на Френч Опен, односно петта грен слем титула.

Финалето започна со многу подобра игра на Италијанецот и Синер заслужено беше во доминантна улога со 6:4 и 7:6, но во вториот сет Алкарас остави позитивни сигнали, со кои јасно стави до знаење дека не планира да се откаже.

Бранителот на титулата освои сет и намали на 2:1 со 6:4, а потоа во четвртиот режираше неверојатен тениски кам-бек, кој сигурно уште долго ќе го прогонува светскиот рекет број еден.

Синер имаше предност од 5:3 и предност од 0:40 на сервис на Алкарас, но не успеа да реализира ниту една од трите меч топки и потоа поклекна под притисокот. Јаник потоа го загуби својот гејм и третиот сет отиде во тајбрејк, период во кој Алкарас издоминира со 7:3.

Последниот одлучувачки сет започна со брејк на Алкарас и Шпанецот беше во посакувана ситуација се до 5:4, но и тој го почувствува притисокот кога сервираше за меч и му дозволи на Синер да се врати во игра.

Јаник со последните атоми од силите се избори за нов тајбрејк, но сепак остана без доволно енергија и со убедливи 10:2 загуби во клучниот период.

Мечот траеше 5 часа и 29 минути и ова е убедливо најдолго финале во историјата на Ролан Гарос, минутажа со која се надмина историскиот меч меѓу Виландер и Вилјас од 1982-ра година кој траел 4 часа и 42 минути.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни