Свет
Инфантино откри колкав приход остварила ФИФА од Светското клупско првенство: Турнирот е целосен успех!

Организацијата на прво Светско клупско првенство со 32 екипи ја подели спортска јавност и изминативе четири недели се изнаслушавме разноразни изјави од луѓе кои го поддржуваат и целосно го напаѓаат проектот, а во период кога веќе се извлекуваат заклучоци од тоа што се случи во САД, првиот човек на ФИФА излезе со јасна изјава пред финалето кое се игра оваа вечер.
Натпреварувањето ќе биде затоврено во Њу Џерси на „МетЛајф“ стадионот со финалето меѓу ПСЖ и Челси, но пред да дојде ред за фудбал на зваршниот меч, претседателот Џани Инфантино откри дека ФИФА остварила голем профит, како и приход од две милијарди долари.
– Светското клупско првенство оствари огромен успех во своето премиерно издание. Се говореше дека ова може да биде финансиска катастрофа за ФИФА, но ние остваривме приход од две милијарди долари, односно по 33 милиони од натпревар.
– Нема ниту едно друго натпреварување во светот кое може да обезбеди таков профит во просек по натпревар. Севкупно, натпреварите беа гледани од два ипол милиони навивачи, а во просек тоа доаѓа по 40 илјади по натпревар.
– Само англиската Премиер лига има подобра просечна гледаност во овој момент. Затоа велам дека овој турнир и овој формат беа целосен погодок, – вели првиот човек на ФИФА.
-
Англија12 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Англија24 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
Модриќ со серија спомени ја одбележа својата незаборавна етапа во Реал: Ова не е збогум, ова е догледање (Фото)
-
Шпанија6 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија4 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Шпанија23 часа
Роденденски предизвик: Јамал го избра најдобриот тим на Барселона на сите времиња (Фото)
-
Свет12 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Италија10 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)