Поврзете се со нас

АТП

Игра на судбината: Еден познат тенисер беше дел од првата и стотата титула на Ѓоковиќ (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ стави крај на долгото чекање и конечно ја освои својата стотта титула во кариерата, и тоа во сценарио кое малку кој го очекуваше пред неколку недели.

По болниот пораз на Мастерсот во Мадрид, Ноле најави дека ќе се посвети на тренинзи до Ролан Гарос, но потоа изненадно се пријави на турнирот во Женева и токму во Швајцарија го дочека патот до 100-та титула.

Србинот во денешното финале го совлада Хуберт Хуркач и оствари навистина значаен јубилеј, а истиот носи и една симболика која е навистина неверојатна.

Пред 19 години, Ѓоковиќ ја освои првата АТП титула во кариерата победувајќи го Николас Масу во финалето во Амстердам, а судбината посака денеска да стигне до „стотката“ против неговиот пулен.

Славниот Чилеанец во моментов е тренер на Хуберт Хуркач, па тој дефинитивно се издвојува како човекот кој ја одбележа првата и стотата титула на легендарниот рекордер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни