Поврзете се со нас

Балкан

Хрватските медиуми открија страшни детали од сообраќајната несреќа во која животот го загуби Покривач

Објавено

на

Foto:x.com/gnkdinamo

Хрватската спортска јавност вчера со голема неверица ја пренесе веста за смртта на Никола Покривач, а во период кога сите негови поранешни клубови испраќаат искрено сочувство до целото негово семејство, медиумите полека ги пренесуваат и страшните детали од страшната сообраќајна несреќа.

Водејќи се по изјавите на сведоци на големиот и тежок судир во Карловац, „Вечерњи лист“ открива информации за немилиот настан, до кој за жал дошло поради несовесен возач од Словенија.

Државјанин од споменатата земја со своето Ауди престигнувал подолга колона и директно се забил во автомобилот кој го управувал Покривач, при што му нанел смртни повреди на некогашниот играч на Динамо, Ријека и неколку познати интернационални клубови како Монако и Ред Бул Салцбург.

Како се уште активен спортист, Покривач се враќал од тренинг со уште тројца соиграчи од нисколигашот Војнич 95, а двајца од нив се уште се борат за својот живот на одделението за интензивна нега во Карловац.

Според информациите, животот го загубил и возачот на Аудито кој го предизвикал страшниот инцидент, додека неговата сопруга и децата се неповредени бидејќи се превезувале во друго возило (Сеат) кое било дел од колоната.

На овој начин, за жал завршува тешкиот пат кој го имаше Покривач во животот, бидејќи пред фаталната сообраќајна несреќа, во играчката кариера трипати ја добиваше битката со ракот (Хоџкинов лимфом) носен од желбата да му се врати на фудбалот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни