Свет
Хорор на Интерлагос: Барбоса се заби со мотоциклот во металната ограда и го загуби животот (Видео)
Вчера се возеа мото трките во Мото ГП и Субербајк во стандардниот неделен термин за адреналинските возбудувања, но за жал, овој викенд ќе остане запаметен како црн во мото светот поради ужасната трагедија која се случи во Бразил.
Супербајк шампионатот продолжи со трката за Големата награда на Бразил која е петта од календарот за оваа сезона, но случувањата на легендарната патека Интерлагос за жал ни донесоа еден немил инцидент кој заврши со фатални последици.
Домашниот мотоциклист Матеус Барбоса го загуби својот живот на 23-годишна возраст, откако загуби контрола над своето Кавасаки и се заби во металната ограда обидувајќи се да го избегне заштитниот ѕид.
Немилата трагедија се случи на добро познатата кривина Жунсао, која обично важи за крајно сигурно место на патеката и која нема лоша историја на трагични настани, нешто што овојпат не беше случај.
– Со огромна тага ја пријавуваме смртта на возачот Матеус Барбоса, настаната за време на Супербајк трката на Интерлагос. Несреќата се случи на кривината Жунсао, која досега немаше своја историја за сериозни несреќи. Матеус доби лекарска помош за помалку од 60 секунди при несреќата, но и покрај сите напори, тој им подлегна на повредите. Точните причини за несреќата се уште не се познати и случајот се испитува од надлежните органи, – гласи објавата на Супербајк во која исто така е испратено сочувство до семејството на младиот возач.
-
Англија12 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Светски првенства5 часа
Неочекувана сцена: Луис Енрике ги загуби нервите и удри играч на Челси (Видео)
-
Свет19 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
АТП10 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Англија20 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
Светски првенства5 часа
Челси го откажа ПСЖ уште во првиот дел и го освои трофејот на Светското клупско првенство (Видео)
-
АТП19 часа
Мекинро за Ѓоковиќ: Не можете да го победите времето, не знам дали е повреда…