Поврзете се со нас

Германија

Горецка: Како да сме во хорор филм, се е против Баерн…

Објавено

на

Баерн Минхен минува низ лош период во кој забележан е уште еден пораз и тоа најнеочекуван ако се земе предвид дека противникот беше Бохум.

Баварците загубија од Баер Леверкузен, потоа потфрлија и против Лацио и сите очекуваа соодветна реакција во соочувањето со Бохум, ама беше запишан нов неуспех, негативен резултат од 3-2 со кој тимот е се подалеку од одбрана на титулата во Бундеслигата.

-Како да сме во хорор филм кој не застанува. Сè е само против нас во моментов. Сега можеме повторно да станеме и да кажеме дека добро влеговме во натпреварот. Тоа сме ние, но сега се чувствувате глупаво што се ограничивме на половина час. На крај се пробавме со играч помалку, па не можете да ни замерите.

-На крајот на денот, тоа се индивидуални грешки што ги правиме – и премногу од нив. Во моментов мислам дека мораме се да ставиме под прашање, -истакна Леон Горецка кој беше искрен и посочи дека не гледа како Баерн е пак шампион на Германија.

-Не во моментов. Јас сум искрен за тоа, -порача Горецка за „ДАЗН“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни