Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за потенцијалната битка со најдобрите: Не сум фаворит, ама можам да ги победам

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ успешно ја реши и осминафиналната пречка на Вимблдон во името на Алекс Де Минор.

Ноле доби силен отпор, меѓутоа покажа и потврди дека квалитетот е на негова страна и со 3-1 обезбеди место во топ осум на турнирот во Лондон.

Со ова Ѓоковиќ е се поблиску до самата завршница, поточно во полуфиналето и финалето каде потенцијално би можел да се соочи со двајцата најдобри играчи на светот Јаник Синер и Карлос Алкарас.

Горан Иванишевиќ имаше изјава и коментар дека само Новак може да ги добие Италијанецот и Шпанецот, па Србинот имаше што да каже на оваа тема.

-Го сакам Горан! Мило ми е што и тој ме сака мене! Ама не мислам дека сум фаворит против нив, во моментов. Мислам дека се фаворити и двајцата. Но да, веројатно имам најголема шанса против нив тука. Ако стигнам до нив, а се надевам дека ќе стигнам, бидејќи тоа значи дека сум во финалето.

-Мислам дека имам шанса, немам никаква сомнеж во тоа, моите резултати на трева го покажуваат тоа и мојата самодоверба на оваа подлога. Исто така, играм добар тенис оваа година, мотивиран сум да одам до крај, па ќе видиме што ќе се случи, -порача Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни