АТП
Ѓоковиќ во негов стил: Ако се прашувате зошто се уште играм-ова е причината!

Новак Ѓоковиќ му одржа лекција на помладиот Александер Зверев и избори место во полуфиналето на Ролан Гарос, вториот грен слем во оваа календарска година.
Србинот го загуби првиот сет со 6-4, но потоа го надигра противникот со 6:3, 6:2, 6:4 и закажа битка со најдобриот тенисер на светот Јаник Синер.
-Овој последен гејм, во тактичка смисла, тие три или четири дроп-шота што беа одиграни. Од наша перспектива, секој пат се чини дека мора да одиграш посилно. Затоа имаше нервоза, играње под притисок. Не беше вообичаено како во претходните натпревари против Зверев, но беше импресивно. Го видов Фелисијан Лопес таму, мојот голем пријател, и тој ми помогна да ги надминам тие проблеми. Знаете што, мислам дека одиграв одличен натпревар во моите 38 години. И тоа значи нешто. Ако ме прашате зошто сакам да продолжам да се натпреварувам, тоа е натпревар како овој, -истакна Новак веднаш по натпреварот.
Ѓоковиќ направи анализа и на последниот гејм во кој се мачеше да ја потврди победата.
-Размислував за сервисот. Не знам како да го кажам на француски… Се фокусирав на дишењето, немавме многу време да се подготвиме тактички. Имаше и ситуација со ветерот и се обидов да се навикнам на тие околности. Сè функционираше, но стануваше покомплицирано како што одминуваше натпреварот. Буквално размислуваш за тактики и за поминување толку многу време на теренот, -рече Србинот.
-
Англија8 часа
Многу емоции и солзи меѓу навивачите на Ливерпул: „You’ll Never Walk Alone“ во чест на Жота (Видео)
-
Свет16 часа
Мајсторија од слободен удар и ново шоу на Меси за историја во МЛС лигата (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Јамал со луд стајлинг го дочека 18. роденден, Гави и Балде уживаа во забавата (Видео)
-
Англија16 часа
Првиот човек на Спортинг испорача брутална закана до Ѓекереш и Арсенал
-
АТП7 часа
Алкарас со страшен поен го освои првиот сет против Синер (Видео)
-
Италија14 часа
Фенер му го „украде“ засилувањето на Милан, па го „истрола“ калчолигашот на социјалните мрежи (ВИДЕО)
-
Италија8 часа
Наполи и Болоња разменуваат документи, Конте ќе добиe нов стопер вреден над 30 милиони евра
-
АТП6 часа
Нереална сцена: Тапа од шампањ го прекина финалето на Вимблдон, Алкарас не можеше да поверува (Видео)